Најмалку 50 луѓе загинале во торнадото во Кентаки

Торнадо / Фото ROBERT COHEN / POLARIS / PROFIMEDIA

Најмалку 50 луѓе загинаа во разорното торнадо во американската сојузна држава Кентаки, изјави денеска гувернерот на таа држава Енди Башир, објави Си-Ен-Ен.

„Се плашам дека има повеќе од 50 мртви во Кентаки… веројатно сме поблиску до 70 до 100 мртви, тоа е страшно“, рече гувернерот на прес-конференција.

Во синоќешното торнадо, најтешко беше погоден округот Грејвс, вклучително и градот Мејфилд, каде се наоѓа фабрика чиј покрив се урнал. Во тој град беа испратени цистерни со вода, за луѓето да имаат што да пијат.

„Имаме фабрика во Мејфилд каде се урна покривот. Таму ќе имаме многу жртви“, рече гувернерот.

Бројни торнада и бури синоќа погодија неколку сојузни држави на средниот запад и југоисточниот дел на САД, вклучувајќи ги и државите Арканзас, Кентаки, Мисури, Илиноис и Тенеси.

Во Тенеси најмалку три лица ги загубија животите, додека во северниот дел на Арканзас едно лице загина, а најмалку пет се повредени при оштетување на покривот на дом за стари лица.

Властите на Илиноис соопштија дека голем број луѓе останале заробени во магацинот на Амазон кога делумно се урна покривот. Властите и медиумите наведуваат дека околу стотина луѓе останале заробени во магацинот кој бил уништен од невремето. Тие работеа ноќна смена.

ВИДЕО: САД погодени од 19 торнада, силното невреме направи огромна штета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот