Најлесниот рецепт за освежувачки колач: Сочни коцки со круша

Фото: Publicdomainpictures

Вкусен колач можете да направите за кратко време, без многу комплицирани состојки, помагала и филозофија. Овој колач со круша е еден од тие десерти.

Подготовката е толку едноставна така што можат да ја совладат и најголемите аматери. Процесот е дополнително олеснет со употреба на брашно што само нараснува.

Ако го немате при рака овој производ, можете да го направите сами – на 100 грама мазно брашно додадете една лажичка прашок за печиво и прстофат сол.

Ако немате круши, можете да користите и парчиња свежо јаболко. Важно е само да го измиете, излупите и исчистите пред да го ставите во колачот.

Фото: © 2021, Cheryl Norris Bakesbybrownsugar

Состојки:

– 130 г брашно што се крева самостојно

– 130 г шеќер

– 130 г омекнат путер

– 2 големи јајца

– 1 лажичка екстракт од ванила

– 1-2 круши или јаболка

Фото: babe_kl / Flickr

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Јајцата, шеќерот и путерот изматете ги во изедначена смеса со помош на миксер.

Просејте го брашното и додадете го во смесата. Мешајте додека не се соединат состојките.

Зачинете по желба со малку екстракт од ванила.

Намачкајте го калапот за колачи и на дното ставете ја крушата која сте ја излупиле и исечкале на помали парчиња.

Прелијте ја смесата за колачат врз овошјето и протресете ја содржината.

Печете го колачот во загреана рерна околу 30 до 40 минути или додека не се испече целосно. Со чепкалка за заби проверете дали колачот е готов пред да го извадите од рерна.

Изладете го колачот пред да го исечете и послужите. Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот