Најголемите диктатори, освојувале земји во кои самите биле странци

Националните тензии им помагаат на автократите да изградат имиџ на народен водач. Многу од нив успеале да ја освојат апсолутната власт, иако потекнуваат од друг народ.

Најпознатите диктатори во светот, освојувале власт во земји во кои биле потполни странци

Наполеон Бонапарта

Роден е на Корзика како Наполеоне ди Бонапарте , само неколку месеци кога Франција го презела островот на Медитеранот од слободниот град Џенова . Младоста ја поминал на територии кои ги контрорирала Франција и нејзината власт ја доживувал како окупација.

Фото Профимедиа

Наполеоновиот мајчин јазик е корзикански , а како дете научил италијански. Кога наполнил девет години , заминал на школување во континенталниот дел на земјата каде што го научил францускиот јазик . Го задржал корзиканскиот нагласок и често бил мета на исмејување од неговите врсници.
Подоцна, дури и кога биле под негова команда, го исмејувале неговиот нагласок. Во тинејџерските денови сонувал за независност за Корзика. Во 1786 година напишал дека неговите сонародници се оковани со ланци, а Французите ги обвинил за кражба и расипување на народот во Корзика.

Наполеон доживеал преобразба по Француската граѓанска револуција во 1789 година. Кога неговото семејство во 1793 година поради политички конфликт го напуштил островот, во потполност им го завртел грбот на движењето за независност на Корзика.

„Малиот каплар” од тој момент сe сметал себеси за Французин. Ги раскинал сите врски со италијанското потекло и името го променил во Наполеон Бонапарта. Следува подем на владиниот војсководец. Во 1799 година, по државниот удар, ја презел власта и започнал со освојувачки поход низ Европа.

Адолф Хитлер

Роден е во мал град во близина на Германија. Како млад многу патувал и времето го поминувал на двете страни од границата. По неуспешниот обид да стани уметник во 1913 година одлучил да ја напушти Виена и Австрија. Некои историчари тврдат дека тоа го направил за да ја избегне воената служба во мултиетничките единици на војската на Австро-Унгарското царство.
Хитлер за време на Првата светска војна бил војник во Германија. Подоцна изјавил дека „отсекогаш се чуствувал какао Германец, а никогаш како австриски државјанин”. Се придружил на политичките активисти со кои подоцна ја основаат Националната социјалистичка партија. По државниот удар во Минхен завршил во затвор. Германските власти тогаш сакале да го депортираат во неговата татковина, но австриската влада го отбила барањето.

По излегувањето од затвор , Хитлер бил одлучен да ја спречи својата депортација од Германија. Се откажал од австриското државјанство во 1925 година. Следните седум години живеел без државјанство, а во 1932 година станува Германец, непосредно пред кандидатурата за претседателските избори.

Профимедиа

Тогаш, нацистите имале власт само во градот Брауншвајг, кадешто биле дел од коалициската влада. Хитлер  таму почнал да работи како државен службеник , па автоматски добил германско државјанство.

Големиот диктатор не бил Германец ниту во 1933 година кога станал канцелар.

 

Продолжува утре (18.јануари). 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот