Најдобрите македонски судии ќе го судат полуфиналето на Европското првенство

фото: EPA/EFE

Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов утре ќе го суди полуфиналето на Европското првенство во Германија.

ЕХФ им ја даде довербата на Начевски и Николов да го судат полуфиналниот дуел помеѓу актуелниот европски шампион Шведска и репрезентацијата на Франција.

Натпреварот ќе се игра утре во „Ланксес Арената“ во терминот од 17:45 часот.

Во второто полуфинале од 20:30 часот силите ќе ги одмерат Данска и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот