Најдобрите македонски одбојкари во пет сета го совладаа Израел во Кавадарци

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во Кавадарци ги продолжија подготовките пред настапот на Европското првенство 2023.

Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација денеска славеше во пријателскиот натпревар против Израел со резултат 3:2 во сетови.

Израелците ги освоија првите два сета со 17:25 и 22:25, а во следните три нашите одбојкари направија целосен пресврт (25:22, 25:19, 15:10).

Овој триумф сигурно ќе донесе уште поголема мотивација во оваа тренажна фаза пред континенталниот собир.

Новиот контролен меч македонската репрезентација ќе го има в петок, во салата „Јасмин“ ќе тестира против селекцијата на Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот