Надвор само за храна: Финската влада го предложи првиот локдаун, се затвораат пет града меѓу кои и Хелсинки

Хелсинки: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Владата на Финска денеска предложи затворање на пет градови, меѓу кои и престолнината Хелсинки, за спречување на ширењето на коронавирусот.

Според предлогот, граѓаните ќе може да ги напуштат домовите од ограничувачки број на причини, како што се набавка на храна, додека секое прекршување на мерките би било казниво, пренесува агенцијата Танјуг.

За локдаунот, што би бил прв во Финска од почетокот на пандемијата, ќе се гласа во парламентот, а треба да го оцени и Одборот за уставно право, објави „Ројтерс“.

Претходно овој месец, финската Влада ги затвори рестораните и средните уќилишта ширум земјата.

Финска, која има 5,5 милиони жители, досега регистрира 73.516 случаи на ковид-19 од кој, пак, починаа 811 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот