Над 850 милиони деца во светот без училишна настава поради коронавирусот

Повеќе од 850 милиони млади луѓе или речиси половина од учениците и студентите во светот го прекинаа образовниот процес и наставата поради пандемијата од новиот коронавирус, соопшти Oрганизација за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО).

Оценувајќи ја таквата ситуација како „предизвик без преседан” за образованието, УНЕСКО информира дека се затворени училиштата во 102 држави, а делумно не работат во уште 11 земји.

Организацијата предупредува дека поради Ковид-19 се очекуваат уште затворања на образовните институции низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот