Над 65 илјади земјоделци аплицирале за субвенции

Директорот на агенцијата, Николче Бабовски, истакна дека во соработка со Подрачните единици на МЗШВ, и оваа како и минатите години, успешно е реализиран процесот за аплицирање.

Успешно заврши пријавувањето за користење на финансиска поддршка во земјоделството. До крајниот рок односно до петок, ( 31- ви јули 2020), барање за добивање на финансиска поддршка во земјоделството поднеле 65,554 земјоделци, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Директорот на агенцијата, Николче Бабовски, истакна дека во соработка со Подрачните единици на МЗШВ, и оваа како и минатите години, успешно го реализираа процесот за аплицирање.

„ Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел на земјоделци кои не знаеа сами да аплицираат и оваа година како и минатите побараа помош од вработените во Подрачните единици на МЗШВ. Согласно препораките за превенција од „Ковид 19“ и почитување на протоколитте сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството.“ –преку соопштение појаснува Бабовски.

Бабовски, посочи дека Агенцијата заедно со Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и досега и во иднина ќе продолжат да креираат Програми и мерки за развој на агро секторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот