На Турција и претстојат големи планови со руската набавка на „С-400″

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Договор за нови противракетни системи „С-400″ со Турција се планира да се потпише во 2020 година, изјави генералниот директор на „Рособороекспорт” Александар Михеев.

Како што пренесуваат руските медиуми, „Рособороекспорт” годинава ја заврши реализацијата на договорот за испорака на четирите дивизиони „С-400″ за Турција, во вредност од 2,5 милијарда долари. Договорот вклучуваше и анекс за уште еден комплет.

-Се надеваме дека во првата половина на 2020 година ќе дојдеме до моментот на потпишување на договорените документи. Но, сакам да подвлечам дека воено-техничката соработка со Турција не се ограничува само на испораките на „С-400″. Ни претстојат големи планови- рече Михеев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот