На предлог на Милевски номинирани Ристовски, Елмас и Барди за наградата „Спортист на годината“

Номинирани тројца македонски фудбалски репрезентативци во категоријата „Спортист на годината“/фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија до Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги испрати предлог номинациите за избор на „Спортисти на годината“ во организација на АМС.

На предлог на селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, во категоријата „Спортист на годината“, Фудбалската федерација на Македонија ги номинираше Стефан Ристовски, Елиф Елмас и Енис Барди. Во дописот до Агенцијата за млади и спорт, селекторот на нашиот најдобар национален состав даде свое објаснување во однос на номинациите за тројцата наши репрезентативци.

Стефан Ристовски –

Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; ж
Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија;
Придонес во одиграните натпревари за освојување на шампионската титула во хрватското првенство со Динамо Загреб и придонес во освојувањето на Националниот куп со Динамо Загреб;
Придонес во одиграните натпревари за Динамо Загреб во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони;

Елиф Елмас –

Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата;
Придонес во одиграниот бараж натпревар за СП 2022. Финале од плеј-офот против Португалија;
Придонес во одиграните натпревари за Наполи (Италија) во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони;
Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации;

Енис Барди –

Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата;
Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот