На Поповски му се слошило во затвор, лекари го прегледуваа во судот

На притворениот поранешен помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, утринава, пред да биде спроведен на продолжение од судското рочиште за случајот „Триста“, му се слошило.

Иако не се чувствувал добро, тој бил спроведен во скопскиот Кривичен суд на судење. Откако дозна дека на Поповски не му е добро, судијката Добрила Кацарска веднаш ѝ нареди на судската полиција да повика Итна помош. После 15-минутни прегледи, Поповски се врати на рочиштето.

Случајот „Триста“ на СЈО се однесува на набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи. Според обвинението, со оваа набавка бил оштетен буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Обвинет е Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во Министерството за внатрешни работи.

Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Во овој случај судот ги прифати телефонските снимки од прислушуваните разговори како докази.

На денешното рочиште од сите повикани сведоци не дојде само сведокот Зоран Трајановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот