На кои новогодишни украси треба да внимавате ако имате домашно милениче: Тие можат да бидат фатални за нив

Фото: Maximiliano I. Pinilla A.

Најважно е секогаш да бидеме свесни за ризиците на кои ги изложуваме нашите миленици кога го декорираме домот за новогодишните празници. Не се работи само за мали детали на новогодишните елки или аранжмани кои ги поставуваме на масите, полиците и во други делови од сдомот.

Дури и здравото иглолисно дрво крие многу опасности. Затоа, ветеринарите ги посочија најчесто користени украси кои можат да имаат последици за нашите домашни миленици.

Фото: Pexels / dominika-roseclay

Зимзелено дрво

Иако повеќето живи зимзелени дрвја како ела, борови и смреки не се токсични за животните, нивните игли кои паѓаат може да бидат голем проблем за вашето куче и мачка. Може да се заглават во шепите, да ја иритираат устата и да предизвикаат стомачни проблеми доколку се проголтаат во големи количини. Затоа, доколку имате домашно милениче, одлучете се за вештачко дрво.

Лажен снег

Некој сака да ја украсува елката со вештачки снег или да ја посипува на одредени делови од домот. Сепак, вештачкиот снег може да содржи некои состојки кои се токсични за домашните миленици. За да спречите главоболки поврзани со можноста за труење со вештачки снег кој лесно може да заврши во устата и стомакот на животно, избегнувајте ја оваа декорација, дури и лажни елки посипани со овој прав.

Фото: Pexels / dominika-roseclay

Украси кои може да се јадат

Додека малите обожаваат да гледаат чоколадни украси како висат од гранките на дрвото, во никој случај не смеете да ги ставате доколку имате домашно милениче. Ако навистина сакате да имате украси за јадење на дрвото, набавете ги оние што нема да му наштетат на вашето домашно милениче или ставете ги „забранетите“ украси високо на дрвото, но само ако сигурни сте дека кучето или мачката нема да се обидат да ги допрат.

Природна декорација

Некои украсни празнични растенија имаат различно ниво на токсичност, но ако животното ги касне, во најбезболен случај, ќе го лекувате вашето домашно милениче од дијареа на новогодишната ноќ. Бидете внимателни при изборот на вашите празнични растенија – боцки, зеленика, имела и бршлен можат да предизвикаат стомачни тегоби што ќе ви зададат многу главоболки.

Фото: Pexels / Jessica Lewis

Стаклени лампиони

Фините стаклени лампиони се најубавиот украс на секоја новогодишна елка, но и најлошиот кошмар доколку се скршат и не сте присутни на време да ги соберете фрагментите.

Ако животното проголта парчиња скршени стаклени лампиони, тоа може да биде и болно и опасно: покрај ризикот од исеченици на шепите или во устата, можно е и полошо сценарио, во вид на рани во грлото и внатрешни повреди.

Фото: Pexels / Karolina Grabowska

За да заборавите на стравот од повреда, труење и какви било други неволји за време на претстојните празници, покрај горенаведените превентивни мерки, обезбедете му на кучето мирно катче во домот доколку поканите пријатели на вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот