13 C
Скопје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 622 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 622 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 51, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 63 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 7 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани вести

ВИДЕО | Се слушна ѕвоното во Детската клиника: Малата Ана ја доби борбата со болестите

Слободен печат

Утре се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Слободен печат

Бегал од полиција, па со 140 км на час удрил во лежечки полицаец

Слободен печат

Двајца станари со деменција побегнале од старечкиот дом во Тенеси благодарение на воената обука, персоналот казнет

Слободен печат

Деспотовски: Заврши времето на евтина работна сила, немаме луѓе за извоз

Слободен печат

Успорената демографија нема да ја сопре Кина

Гидеон Рахман/Financial Times

Остави Коментар