На ѕвездата на „Чувари на плажата“ ѝ е откриен рак: Поради симптомите мислев дека е менопауза

Фото: Принтскрин /Инстаграм //FremantleMedia Ltd / Shutterstock Editorial / Profimedia

Актерката Никол Егерт (51), позната по улогата во хит серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), во понеделникот откри дека во декември 2023 година ѝ бил дијагностициран рак на дојка во втор стадиум. Пред тоа се здебелила околу 11,5 килограми. Чувствувала болка во левата града, по што следеле мамографија и три биопсии, а потоа и дијагноза на лошата болест.

Фото: FremantleMedia Ltd / Shutterstock Editorial / Profimedia

Симптомите на рак на дојка  најпрво ги препишала на менопаузата, но набрзо по самопрегледот, кога почувствувала грутка во градите, отишла на лекарски преглед.

Таа во октомври почувствувала „страшна болка“ во левата града. Откако ја открила грутката при прегледот, се јавила на лекар.

„Пулсираше и болеше, отидов кај општ лекар кој ме упати на дополнителни испитувања“, рекла Никол и истакнала дека морала да чека на преглед бидејќи сите термини биле пополнети до ноември.

Иако мамографијата и трите биопсии потврдиле дека има рак на дојка, таа сè уште не знае дали болеста се проширила и на другите делови од телото.

Фото: Принтскрин /Инстаграм

Мајката на две деца ќе мора да се оперира и во моментот чека онкологот да утврди кога ќе почне со хемотерапија и зрачење.

„Дефинитивно има грутка. Таму е. Треба да се извади. Прашањето е дали треба да го направам третманот пред операцијата или тие прво треба да ја направат операцијата, за да можам да го продолжам лекувањето“, рекла актерката.

Фото: Coleman-Rayner / Coleman-Rayner / Profimedia

Сепак, нејзиниот „најголем страв“ е дека во моментот не е покрај своите ќерки Киган (12) и Дилин (25), пренесува „Пејџ сикс“.

„Дилин е возрасна, но дома имам 12-годишно дете на кое јас сум единствен старател. Немам семејство. Немам ништо“, рекла самохраната мајка Никол.

Дополнително, Егерт се присетила на „ужасот“ на лицето на Киган кога ѝ ја соопштила дијагнозата.

„Ова е нешто низ кое морам да поминам. Ова е нешто што морам да го надминам. Ѝ требам повеќе од што било или кој било“, рекла таа.

Егерт, исто така, им рекла на слушателите на еден поткаст дека го прави својот годишен мамограф секој декември, но исто така открила дека „жали што ги вградила имплантите.“

Една од пријателките на Егерт, Минди Молинари, создала страница GoFundMe за да ѝ помогне на актерката да се справи со претстојниот финансиски товар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот