На денешен ден – 3 октомври

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1796.- Предводени од владиката Петар I Петровиќ Његош, Црногорците на Круси ги победија Турците, а во битката загина скадарскиот паша Махмут Бушатли, кој со 23.000 војници се обиде да ја покори Црна Гора.

1824.- Собранието на Мексико го усвои Уставот со кој државата стана независна.

1835. Роден е францускиот композитор, пијанист, диригент и оргулист Шарл Камиј Сен Санс, романтичар со типичен француски дух и рационални музички угледни форми. Дела: операта „Самсон и Далила“, три симфонии, поемата „Танц на смртта“, четири симфониски песни, пет клавирски концерти, три концерти за виолина, концерт за виолончело, композицијата за камерен состав „Карневал на животните“, клавирско трио, два гудачки квартета, балетот „Зборливка“.

1859.- Во Бугеван е родена Елеонора Дузе, италијанска артистка, една од најголемите трагичарки на своето време. Умре во Питсбург, САД, на 21 април 1924 година.

1888.- Роден е германскиот новинар Карл фон Осјецки, добитник на Нобеловата награда за мир во 1935 година. Имено, тој откри дека Германија повторно се вооружува пред Втората светска војна. Првпат беше уапсен во 1931, а вторпат во 1933 година по доаѓањето на нацистите на власт. Беше затворан во концентрациони логори, а во 1938 година умре од повредите здобиени во логорите.

1895.- Во селото Константиново (Есенино), Разјанска област, е роден Сергеј Александрович Есенин, еден од најчитаните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. Познати негови дела се „Задушница“, „Триптих“, „Стихови на скандалистите“, „Кафеанска Москва“, „Советска Русија“, „Персиски мотиви“ и „Ана Снегина“. Во Санкт Петербург, во состојба на тешка душевна депресија, се самоуби на 28 декември 1925 година.

1897.- Роден е францускиот писател Луј Арагон, најпрвин дадаист а потоа еден од првите идеалисти. По конгресот на револуционерните писатели во Харков во 1930 година, се определи за соцреализам. На Комунистичката партија на Франција и пристапи во 1927 година, учесник е во Граѓанската војна во Шпанија и во француското Движење на отпорот во Втората светска војна.  Дела: збирка песни „Оган на радоста“, „Ура Урал“, „Елзините очи“, „Очи на сеќавањата“, „Елза“, „Вечно движење“, романите „Селанец од Париз“, „Базелски ѕвона“, „Света недела“, „Комунисти“ и други.

1906.- Во Берлин Радио конференцијата го прифати SOS како меѓународен сигнал за помош.

1910.- Во Хајден умре Жан Анри Дигнан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година кој подоцна прерасна во меѓународна организација. На оваа идеја дојде по битката кај Солферино (24 јуни 1859 година), во Италија, кога го организира месното население за помош на ранетите. Целиот свој живот го посвети на своите хуманитарни замисли. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Роден е во Женева, на 8 мај 1828 година.

1929.- Називот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е сменет во Кралство на Југославија.

1929.- Во Берлин умре Густав Штреземан, германски политичар и државник. Во 1926 година ја доби Нобеловата награда за мир за потпишувањето на неколку значајни мировни спогодби. Роден е во Берлин, на 10 мај 1878 година.

1932.- Ирак се стекна со независност и стана член на Друштвото на народите, по завршувањето на британскиот мандат.

1943.- Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, карактеристиките на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба.

1944.- Германските МЕ-262 се првите млазни авиони во историјата  во техничка смисла револуционерни летала кои постигнуваа брзина над 800 километри на час.

1952.- На островите Монте Бело покрај северозападниот брег на Австралија, Велика Британија ја испроба првата атомска бомба.

1954.- Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт.

1968.- Претседателот на Перу Фернандо Белаунде Тери е соборен во воениот удар од левичарската Национална револуционерна хунта која ја предводеше генералот Хуан Веласко Алварадо.

1981.Ирски националисти по седум месеци се откажаа од штрајкот со глад во затворот Мејз во Белфаст. Во текот на штрајкот умреа 10 штрајкувачи.

1990.- Повторно, по 45 години, се обединија СР Германија и ДР Германија.

1991.- Претседателството на СФРЈ според Уставот почна со работа во услови на непосредна воена опасност, оценувајќи дека е на повидок граѓанска војна. Претставниците на двете републики Хрватска и Словенија излегоа од Претседателството.

1992.- Умре проф. д-р Миодраг Мицев, истакнат македонски научен работник на полето на невротичните состојби и психоматските заболувања, професор на Медицинскиот факултет и на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Меѓу најзначајните негови трудови се „Психоанализата на театарот“, „Интимно за мажите“, „Зошто“ и други. Роден е во Белград, во 1935 година.

1995.- Франција и понатаму го игнорира Меѓународниот притисок и изврши нова нуклеарна проба во јужен Пацифик.

1995.- Во Скопје, врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат со експлозија на автомобил-бомба. Притоа, претседателот беше повреден. На самото место загина неговиот возач Александар Спировски. Повредени беа претседателскиот придружник и телохранител Илчо Теовски, случајните минувачи Христо Христоманов, Климе Коробар и Јован Атанасовски, а беше направена и голема материјална штета.

1997.- На експерименталната железничка делница западно од Токио, јапонски воз на магнетни перничиња со брзина од 451 километар на час го собори светскиот рекорд.

2002.- Турскиот суд и формално му ја укина смртната пресуда на курдскиот бунтовник Абдулах Озалан, кој во 1999 година беше уапсен и најбзо осуден на најтешката казна.

2002.- Конституирано е четвртото (третото по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За преседател на Собранието е избран Никола Поповски.

2004.- Умре американската филмска глумица Џенет Ли. Сними повеќе од 60 филмови, играјќи со славните имиња Џејмс Стјуарт, Џон Вејн, Френк Синатра и Пол Њумен. Вистинската слава и ја донесе филмот на Алфред Хичкок „Психо“ во 1960 година. За улогата во филмот го доби „Зланиот глобус“ и беше номинирана за Оскар. Најпознатата сцена во филмот, кога Џенет Ли се тушира, влезе во сите кинематографски антологии. Родена е во 1927 година.

2007.- Воената управа во Мјанмар, како гест на добра волја, ослободи 80 будистички монаси кои учествуваа во големите антивладини протести. Мјанмар, поранешна Бурма, е земја во која будистичкото монаштво ужива посебен општествен углед.

2007.- Во несреќата недалеку од Јоханезбург, во рудник за злато во сопственост на петтиот светски производител на злато „Хармони Голд“ затрупани беа приближно 3.200 рудари, на длабочина од околу 2.200 метри. До несреќата најверојатно дојде поради попуштање на платформата во едно од подземните окна, по прскањето на водена пумпа.

2007.- При судар на два брода, во сојузната држава Кеби, на реката Дола Каина, во северна Нигерија, загинаа најмалку 31 лице, а уште шест беа повредени. Бродот полн со патници се судри со товарен брод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот