На демонстрантите во Хонг Конг им се закануваат до 10 години затвор по палење на влезот на Универзитетот

Полицијата во Хонг Конг денеска ги опколи демонстрантите кои се забарикадираа на кампусот на Политехничкиот универзитет, со што речиси шестмесечната криза влезе во нова опасна фаза.

Денеска пред зора одекнаа неколку гласни експлозии, а потоа на влезот во Универзитетот се распламти оган, што според локалните медиуми значи дека демонстрантите го одбиле обидот на полицијата да влезе во кампусот.

Полицијата го прогласи кампусот за „место на нереди”, што значи дека на насилниците им се заканува казна затвор до 10 години.

Се проценува дека на кампусот се забарикадирани околу 800 демонстранти, на кои не им е дозволено да излезат од универзитетскиот комплекс, со што се ослободени околните улици по дводневните барикади.

Полициски службеник во Хонг Конг вчера беше погоден од стрела кога полицијата употребила солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираат кампусот на универзитетот.

Демонстрантите од покривот на универзитетот ја гаѓаа полицијата со стрели и молотови коктели, а тие одговорија со солзавец и водени топови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот