На чекор поблиску до победата: Како Кина се справи со делта вирусот

За прв пат од почетокот на јули, Кина не регистрираше нови случаи на инфекција со коронавирус. Ова е резултат, на дисциплинираното придржување до строгите мерки.

Успехот на Кина се случува во време кога делта вирусот доминира низ светот.
Борбата на Кина со делта варијанта на корона започна на 20 јули, кога беше откриена инфекцијата со овој вид коронавирус меѓу персоналот на аеродромот во источниот град Нанџинг.

Од тој момент пандемијата почна брзо да се шири и се пренесе во десетици кинески провинции. 1.200 луѓе брзо се заразија, и многумина го сметаа овој бран за поразителен, многу покатастрофален од оној од почетокот на 2020 година, пишува Си -Ен -Ен.

Ваквата ситуација доведе до брза реакција на локалните власти кои ставија десетици милиони жители во строг карантин, спроведоа масивни кампањи за тестирање, следење и ограничување на патувањата и излегувањата од дома.

Се чини дека сега, само неколку недели подоцна, властите преку спроведените мерки, успеале да го потиснат ширењето на вирусот.

Бројките на новозаразени на дневно ниво постојано паѓаат, и од минатата недела, тие се едноцифрени.
Кога врвот на инфекцијата беше на врвот, две недели порано, имаше просечно по сто заразени луѓе дневно.

Во понеделникот, Кина пријави 21 нов случај на инфекција, од кои ниту еден не потекнува од локалното население, но сите се „увезени“. Пријавени се и 16 асимптоматски случаи, од кои сите се исто така увезени

Кина, исто така, води посебна евиденција за симптоматски и асимптоматски случаи и не вклучува асимптоматски носители на вирусот во официјалниот број потврдени случаи.

Ако овој тренд продолжи, Кина може да стане првата земја во светот што ќе се справи со голема епидемија предизвикана од делта вирусот

Без оглед на фактот што ситуацијата во моментов е поволна, државната телевизија CCTV предупреди дека пандемијата не престанала и дека луѓето не треба да се опуштат.

Исто така, Кина продолжи да го зголемува темпото на вакцинација. Според Националната здравствена комисија, дадени се вкупно 1,94 милијарди дози домашни вакцини против корона, што ја прави вакцинацијата побрза од онаа која беше спроведена во Обединетото Кралство и Соединетите држави.

Кина е една од многуте земји, вклучувајќи ги Сингапур, Австралија и Нов Зеланд, кои се обидоа целосно да го искоренат коронавирусот внатре во своите држави.
Властите ги затворија границите за речиси сите странци, воведоа строг карантин за повратниците од странство, започнаа целни ограничувања и го забрзаа масовното тестирање и надзор за борба против сите случаи. Повеќе од една година, овие мерки успеаја да одржат пандемија со минимален број заразени лица.

Сепак, експанзијата на бројката инфицирани од делта вирусот ги принуди некои од овие држави , кои ја водеа битката со Ковид доста успешно, да ги преиспитаат своите стратегии.

Во Австралија, неколку големи градови, вклучувајќи ги Сиднеј, Мелбурн и главниот град Канбера, се целосно заклучени, но бројот на нови случаи продолжува да расте
Изминатиот викенд , земјата забележа најголем број дневни случаи од почетокот на пандемијата. Во исто време, илјадници луѓе излегоа на улиците во земјата за да протестираат против воведените ограничувања.

Австралискиот премиер Скот Морисон навести дека ќе ги укине ограничувањата кога ќе нема нови случаи на инфекција, изјавувајќи дека блокадите „за жал се потребни засега“,
. Тој најави дека австралиската влада има намера да го префрли фокусот од намалување на бројот на случаи на испитување колку луѓе сериозно се разболеле од Ковид , со бројката колку од нив имале потреба од болничко лекување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот