На Балканот нема да останете ни гладни ни жедни, на северот на Европа можеби нема ни кафе ви понудат!

Фото: фејсбук

Фејсбук страницата „Заштеда на патничкиот буџет“ (The Budget Savvy Travelers), објави мапа на европски земји означени со четири бои кои покажуваат кои од нив се најгостопримливи. Целиот Балкан, Италија, Шпанија и дел од Азија е означен со темносина боја и во овие земји секогаш ќе начекате богата трпеза. На северот на Европа (Скандинавија) има и најстудени домаќини, таму е сè бојосано со црвена боја, а тоа според оваа мапа значи дека нема никогаш да ве понудат со храна ако им гостувате.

Голема софра или само пијалак за добредојде и „сиктер“ кафе за довидување за секој гостин. Каква е гостопримливоста на европските земји и во кои земји кај домаќините ќе добиете храна кога ќе им дојдете на гости? Фејсбук страницата „Заштеда на буџетот за патниците“ (The Budget Savvy Travelers), објави мапа на европски земји означени со четири бои кои покажуваат кои од нив се најгостопримливи.

Целиот Балкан, Италија, Шпанија и дел од Азија е означен со темносина боја што значи дека во овие земји секогаш ќе начекате богата трпеза ако им дојдете на гости.

Светло сината боја се однесува на дел од источните земји и таму е речиси вообичаено да ве послужат, а како се движите кон северот на Европа, вклучително и кон Британија, доминира розовата боја, која значи дека нема да ве понудат со храна.

Најстудениот север на Европа (Скандинавија) има и најстудени домаќини, таму е сè бојосано со црвена боја, а тоа според оваа мапа значи дека нема никогаш да ве понудат со храна ако им гостувате.

– На Балканот е нормално кога некој ќе дојде барем да имаш „мезе“ (разновидност на ладни јадења) и некоја торта со кафе … и тоа ако гостинот не е најавен! Оние што знаеме дека доаѓаат добиваат цел оброк. Исто така, на Балканот ако имате некој да работи во куќата, обичај е да се прави ручек и за работниците (Да, тие се платени за работа, но ние сепак го правиме семејниот ручек поголем, тие се приклучуваат), напишала некоја Татјана.

– Ова ја потврдува мојата перцепција дека луѓето од Медитеранот, од Турција, преку Балканот, преку Италија и Шпанија, сите ние сме многу слични. И сосема поинаку од Западна и Северна Европа, напишал Борјан од Македонија.

– Забележувам дека побогатите народи се поштедливи кога некому треба да му понудат храна. Ако на пример посетите работничко семејство во земјите од Третиот свет во Африка или Азија, таму секогаш ќе бидете понудени со храна, е еден од коментарите под мапата.

– Можеби не храна, ама секогаш кафе, напишал некој читател од Шведска.

– Откако ќе ве нахранат, Балканците ќе ви спакуваат и екстра храна за дома, напишала друга читателка.

– Ова само ја покажува тешкотијата да се произведе храна. Пристапот до храна е полесен каде што климата е попријатна, оценил еден читател од Унгарија.

– Во Грција не само што ќе добиете храна, туку ќе бидете принудени да јадете 5 порции, а остатокот да го носите дома со себе, додала Мелина.

– Во Белгија, пивото се смета за храна, констатирал друг читател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот