Нѐ удрила честичка со 2.400.000.000.000.000.000.000 електрон-волти

Приказ на откривањето на моќниот зрак - Илустрација, Универзитет Осака

Кога го открив овој ултрависокоенергетски космички зрак мислев дека инструментите се расипале, изјави астрофизичарот Тошихиро Фуџии, кој ја нарекол новата честичка „Аматерасу“

Анализите на небесниот сигнал регистриран пред две години потврдиле дека космичкиот зрак имал неверојатно голема моќ, но астрофизичарите не можат да објаснат како се создал и од каде потекнува.

Телескопска мрежа на 27 мај 2021 година регистрирале дека Земјата ја погодил зрак со голема енергија, каква што не е забележана 30 години, од честичката наречена „О, Боже“ во 1993 година.

– Кога го открив овој ултрависокоенергетски космички зрак мислев дека инструментите се расипале – изјави астрофизичарот Тошихиро Фуџии од универзитетот Метрополитен во Осака.

Тој ја нарекол новата честичка „Аматерасу“, според божицата на Сонцето во шинто религијата.

Внимателните анализи покажале дека инструментите биле добри. Малата честичка, веројатно протон, имала енергија од 240 егзаелектрон-волти, односно 2.400 милијарди милијарди електрон-волти. Честичката „О, Боже“ била 133 пати помоќна.

Освен што ги измериле, научниците не знаат ништо ни за двете – од каде доаѓаат, кој им е изворот и како се создадени.

– Ни галактичките ни екстрагалактичките магнетни полиња не би требало да имаат никакво влијание врз честички со толку голема енергија. Нивниот извор треба да е точно кон точката во која се забележани. Но, во таа насока нема ништо што би можело да создаде толку голема енергија. Тоа е мистеријата – објаснува физичарот Џон Метјуз од Универзитетот Јута.

Космичките зраци по природа не се радијација, каква што е светлината. Тие се честички, претежно атомски јадра, но може да бидат и протони, па дури и електрони. Енергијата на таквите лесни честички им на дава брзината, која е на границата на максималната возможна. Сонцето генерира космички зраци, но тие немаат голема енергија и се одбиваат од магнетното поле и атмосферата на Земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот