МЗТ Скопје со победа го заврши настапот на третиот турнир во АБА2 лигата

Војдан Стојановски имаше значаен придонес во победата на МЗТ Скопје/ фото: druga.aba-liga.com/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на МЗТ Скопје по двата натпревари со Сутјеска и со Подгорица кои завршија со минимален пораз и триумф, настапот на третиот турнир во АБА2 лигата го завршија со лесен триумф над Војводина од 83:75.
Победата за „металците“ значеше и искачување на лидерската позиција на табелата со скор 8-2, барем до вечер кога Борац Бања Лука (8-1)  игра против Ловќен.
Кошаркарите на МЗТ Скопје слабо го започнаа натпреварот и му овозможија на противникот да поведе со 5:15. Но, како одминуваше времето, „металците“ играа се подобро и по првата четвртина имаа минус од само еден поен, 22:23.
Работите си дојдоа на место во втората четвртина, кога прво со поените на Милошевиќ, МЗТ Скопје поведе со 25:23 и до крајот на натпреварот не го испушти водството. Во 19 минута, по тројката на Кари „металците“ за прв пат имаа двоцифрена предност (50:39), додека на паузата разликата беше осум поени (52:44).
На стартот од третата четвртина, МЗТ Скопје направи серија од 7:0 и рутински го одработи натпреварот до крај, за осма победа во десетте кола во АБА2 лигата.
Рикиќ постигна 18 поени, а Војдан Стојановски и Милошевиќ дадоа по 15 поени за МЗТ Скопје, додека кај Војводина се истакна Беслац со 22 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот