МЗТ Скопје против Широки во битка за финалето во АБА2 лигата

МЗТ Скопје во четвртфиналето беше подобар од Широки/фото: www.druga. aba-liga.com/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва против Широки (21 часот) ќе играат во полуфиналето на завршниот турнир во АБА2 лигата што се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Влогот од вечерашниот натпревар е пласман во финалето и битка за пласман во АБА лигата, најквалитетното регионално натпреварување.

„Металците“ во четвртфиналето ја совладаа Сутјеска со 73:68 додека Широки со 85:81 беше подобар од Спарс.

Пресметката во регуларниот дел од сезоната им припадна на „металците“ кои во рамки на 11 коло славеа со 91:78.

Управата на МЗТ Скопје како своевидно загревање пред вечерашната пресметка организира голема журка на платото пред салата „Јане Сандански“.

За доброто расположение ќе бидат задолжени момците од „Игуана Бенд“, а почетокот на забавата е во 19 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот