МЗТ Скопје две недели без репрезентативецот Крстевски

бојан крстевски
Бојан Крстевски има повреда на препоната/Фото: kfsm.mk

Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, уште од старт се најде во непосакувана ситуација, откако по настапот за македонската национална селекција во квалификациите за СП 2023 со здравствен проблем се врати центарот Бојан Крстевски.

Искусниот кошаркар има повреда на препоната, поради која ќе биде надвор од тренажниот процес во следните 10-15 дена.

Ова, секако, ќе донесе главоболка кај Петровиќ, кој ќе треба да најде начин како да ја пополни празнината во играта под кошевите.

Крстевски речиси сигурно ќе ги пропушти дуелите против Работнички (5 март) и Ангели (12 март), додека лекарскиот тим на МЗТ ќе стори сè да го оспособи за дуелот против Гостивар (16 март), последен пред турнирот од АБА2-лигата во Широки.

Крстевски веќе трета сезона е еден од носителите на играта на МЗТ Скопје, чие отсуство ќе треба да го „покријат“ останатите високи играчи во тимот, пред сè Роберт Рикиќ, Немања Милошевиќ и Хуан Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот