МЗТ Скопје Аеродром ја освои 10 шампионска титула

фото: Bitola News

МЗТ Скопје Аеродром славеше и во третиот натпревар од финалната серија во Првата македонска кошаркарска лига.

Играчите на Васко Атанасов во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го совладаа Пелистер со резултат 83:92 за конечни 3:0 во серијата.

Кошаркарите од гостинскиот состав ја искористија приликата да го наполнат противничкиот кош откако двете екипи се вратија на паркетот па така предноста од три поени која ја имаа битолчани по десетте минути игра брзо беше стопена.

Со многу резултатски пресврти и со кош-поен во последните моменти пред свирежот на сирената, на полувреме се замина со минимална предност на екипата во сино на теренот (39:41) која во преостанатото време до крајот на натпреварот продолжи да расте. Ниту расположените Маслинко и Карутерс не успеаја да го запрат налетот на расположените „металци“.

Во победничките редови доминираше В. Стојановски со 33 поени, следен од Американецот Д. Вер со 16.

На спротивната страна Американецот Д. Карутерс запиша 18 поени, додека А. Маслинко имаше 15 поени.

„Штрковите“ ја одбранија шампионската титула освоена од минатата сезона, а годинава тоа значи нивна 10 шампионска титула во нивната клупска историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот