МЗ: Ниеден вакциниран меѓу починатите од ковид-19 минатата недела

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од 3497 граѓани кај кои е потврден коронавирусот во изминатите седум дена, од 6 до 12 август, 450 односно 12,8 отсто биле целосно вакцинирани, а 87,1 проценти или 3047 граѓани од позитивните не биле вакцинирани. Министерството за здравство во анализата за наведениот период евидентира дека смртноста е 100 отсто кај невакцинирани односно ниту еден од сите 25 починати од ковид-19 не бил вакциниран.

Министерството за здравство соопшти дека почнува на неделно ниво да прави редовни анализи за процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од ковид-19 во државата и ќе ги објавува секој петок за да ја информира јавноста. Притоа, за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од аплицирањето на втората доза.

Во соопштението МЗ апелира граѓаните да се вакцинираат зашто само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на вирусот. Укажува дека секоја вакцина која е на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот