МЗ: 59.735 примиле трета доза, ревакцинирани 48 отсто од полнолетните граѓани

Ковид-центар во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.037 дози вакцини, од кои 1.581 се аплицирани како прва доза, 853 се ревакцинирани, а 1.603 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а трета доза примиле 59.735 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и седум отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 48 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот