МВР и ВМРО-ДПМНЕ во „клинч“ околу командирот на Ќафасан

Граничен премин Ќафасан/Фото: МИА

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение го обвини Министерството за внатрешни работи дека на граничниот премин Ќафасан за командир е поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење.

Од МВР веднаш го демантираа нивното тврдење, велејќи дека немало никаква промена на командирот.

Министерството за внатрешни работи најостро ја демантира лагата пласирана денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно за командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење. Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните, стои во соопштението на МВР.

Опозицијата на ова повторно испрати реакција, тврдејќи дека министерот Оливер Спасовски „со свој потпис“ го назначил Бесфор Аме на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато.

„Бесфор Аме е полициски службеник, кој пред десетина години е осуден како дел од аферата „Милка”, за криумчарење добиток. Бесфор Аме бил и во притвор, а потоа со правосилна судска пресуда е осуден на 3 ипол години затвор“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Бесфор Аме нема да причинел кривично дело криумчарење, доколку истиот не бил на командирска позиција и дека тогаш медиумите објавија дека полициските службеници, меѓу кои и Аме земале по 3.5 евра од килограм добиток, за истите да ја договорат патеката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот