Му истече тренерската лиценца: УЕФА не му дозволува на Анчелоти да седи на клупата и мора одново да полага

Карло Анчелоти / фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Еден од најтрофејните фудбалски тренери на сите времиња, Карло Анчелоти, ќе мора повторно да седне на училишна клупа бидејќи му истече тренерската лиценца. Исто така бизарно е што таа не му е обновена по автоматизам.

Поради тоа, Анчелоти кој има освојувано трофеи во петте најсилни европски лиги, и кој три пати победуваше во Лигата на шампионите, да мора одново да полага тестови, пишува „Кориере дело Спорт“.

Според весникот, тренерската лиценца на Анчелоти истекла на 31 декември 2021 година и доколку сака да остане на клупата на Реал Мадрид и да го води тимот во осминафиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ, ќе мора повторно да полага тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот