Мрачна прогноза на СЗО: Коронавирусот стигнува повторно на есен

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Во вториот бран, инфекциите може постепено да се развиваат и да погодат различни региони во светот во различно време.

Коронавирус повторно ќе се појави кога ќе заврши летото, речиси се сигурни експертите за заразни болести, но не знаат колку сериозна ќе биде ситуацијата.

СЗО понуди мрачна хипотеза за тоа како во наредните неколку месеци би можел коронавирусот да изгледа.

Додека се уште живееме во првиот бран од пандемијата, а случаите и натаму растат, инфекциите би можеле нагло и значајно да скокнат било кога, јави Си Ен Ен.
„Можеби ќе дојде до втор бран на ваков начин, рече Мајк Рајан, извршен директор на СЗО.

Новиот пик на заразата би значел нагло скокање во случаите, што повторно ќе ги преоптовари здравствените системи и евентуално ќе предизвика нови смртни случаи.

Другот пик би можел да биде полош од првиот, но дали на есен ќе дојде до пораст на случаите зависо од тоа што сега правиме.

Во сценариото за втор врв, случаи на коронавирус би се појавиле остро и брзо се додека не се достигне нов максимум, веројатно по периодот во кој стапката на инфекции би била прилично стабилна.

Во вториот бран, инфекциите може постепено да се развиваат и да погодат различни региони во светот во различно време.

Во текот на вториот пик би можело со коронавирус да бидат заразени поголем дел од луѓето во исто време, во текот на сезоната на грип, што би довело до поголем притисок врз здравствните системи, наведува Си Ен Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот