Можност за помасовна вакцинација: Утре пристигнуваат 500.000 вакцини од „Синовак”

Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Министерството за здравство попладнево соопшти дека утре на меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигнат 500-те илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак”.

Според најавите, оваа пратка вакцини ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Вчера попладне пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер” што се набавени преку Ковакс системот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот фејсбук профил најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот