МОСТ: Гласач го фотографирал ливчето во Кичево, била повикана полиција

Гласање на предвремени парламентарни избори 2020 / 15 јули 2020 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Според досегашните потврдени информации од набљудувачите на МОСТ, на гласачките места имаат забележано неправилност на гласачкото место 0755 во село Осој, Општина Кичево, при што еден гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија.

– Била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор, наведоа на прес-конференцијата на МОСТ.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е – во Изборна единица 1 до 15 часот – 35,93, до 16 часот – 39,29, до 17 часот – 42,31 и до 18 часот 45,13 отсто.

Во ИЕ 2, според МОСТ, до 15 часот на гласање излегле 31,78, до 16 часот 34,88, до 17 часот 37,88 и до 18 часот – 41,06 отсто, додека во ИЕ 3 до 15 часот излегле 37,27, до 16 часот 40,45, до 17 часот 43,95 и до 18 часот – 47,64 отсто од гласачите.

Во Изборна единица 4 до 15 часот излегле 37,87, до 16 часот 41,71, до 17 часот 45,83 и до 18 часот 50,25 проценти од гласачите, а во ИЕ 5 до 15 часот 33,10, до 16 часот 36,44, до 17 часот 39,56 и до 18 часот 42,70 проценти од гласачите.

Правото на глас во Изборна единица 6 до 15 часот го оствариле 24,78, до 16 часот 28,23, до 17 часот 31,19 и до 18 часот 33,97 проценти од гласачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот