Москва тврди дека ги соборила дроновите кои утринава нападнаа две воени бази во Русија

Фото: МИА

Министерството за одбрана на Русија тврди дека руската армија ги соборила украинските беспилотни летала кои рано утринава нападнале две нејзини воздушни бази и дека при овие напади тројца војници биле убиени од шрапнели.

Уште четворица руски војници се повредени од, како што е соопштено, остатоци од дроновите кои биле пресретнати во базите во руските региони Саратово и Рјазан.

Според Москва, два руски воени авиони биле лесно оштетени од остатоците од беспилотните летала. Украина не ја коментираше можната причина за експлозиите во базите во Саратов и Рјазан. Претходно руските медиуми објавија за две експлозии во бази во Русија.

Властите на регионот Саратов, лоциран покрај бреговите на реката Волга, објавија дека ги проверуваат извештаите за експлозија во зоната на воздухопловната база Енгелс, каде се наоѓаат стратешките бомбардери Ту-95 и Ту-60, способни да носат нуклеарно оружје.

Гувернерот на Саратов, Роман Бусгарин, изјави дека цивилни објекти не се оштетени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот