Морскиот лав Кан доби ново другарче (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Попладнево во Зоолошката во Скопје од Нинберг пристигна Гете, година ипол старо морско лавче, кое ќе живее заедно со морскиот лав Кан.

За Гете е подготвен и нов базен, каде ќе одмара и ќе се адаптира на големиот базен, информираат од Зоолошката.

Со морскиот лав од Германија, пристигна и неговиот зоо негувател, кој во наредните денови ќе му помогне да се прилагоди на новото живеалиште.

Гете веќе е миленик на вработените, кои радосно го дочекале неговото доаѓање и му помогнале во адаптацијата.

Морскиот лав Кан доби ново другарче ❤️Попладнево од Нинберг пристигна Гете, година ипол старо морско лавче, кое ќе живее заедно со Кан. За Гете подготвивме и ново базенче каде ќе одмара и ќе се адаптира на големиот базен. Со морскиот лав од Германија, пристигна и неговиот зоо негувател, кој во наредните денови ќе му помогне да се прилагоди на новото живеалиште. Гете веќе е миленик на вработените, кои радосно го дочекаа неговото доаѓање и сите заедно помогнаа малиот морски лав веднаш да се опушти ❤️

Publiée par Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје sur Mercredi 19 juin 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот