Морисон: Австралија ќе го намали бројот на граѓани на кои ќе им биде дозволено да се вратат од странство

Премиерот на Австралија Скот Морисон/ Фото: ЕОА

Австралија секоја недела ќе го преполови бројот на граѓани на кои ќе им биде дозволено да се вратат дома од странство, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

Во државата Викторија во последните 24 часа регистрирани се 288 нови случаи на коронавирусот што е рекордно дневно зголемување за кој било дел од земјата од почетокот на пандемијата. Тоа ги  зголеми стравувањата за можно пренесување во заедницата каде повеќето случаи се од вратени патници.

– Информациите од Викторија стануваат многу загрижувачки, рече Морисон.

Од март, Австралија дозволи само постојаните жители да влезат во земјата. Штом пристигнат, тие одат во задолжителен 14-дневен карантин во хотели, за што плаќаат државните влади.

Морисон рече дека од понеделник, Австралија ќе овозможи секоја недела да се враќаат по 4.000 лица, што е околу половина од бројот на лица кои досега се враќале. Оние што ќе се вратат ќе треба да плаќаат за нивните карантински престои.

– Одлуката што ја донесовме … е за да се осигураме дека можеме да го ставиме нашиот фокус на потребните ресурси за да спроведуваме тестирања и трагање по контактите, и да не мора ресурсите да бидат пренасочени кон други задачи, изјави Морисон пред новинарите во Канбера по состанокот на националниот кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот