Морбидна исповед на најубавата турска актерка: Татко ми со години ме силуваше, мајка ми не ми веруваше!

Фото: Инстаграм

Мелиса Донгел е една од најпознатите млади турски актерки, која на публиката најмногу и е позната од сериите „Чукни на мојата врата“, „Наша приказна“ и „Елиф“. Денес, оваа 23-годишна девојка ужива слава, успех и добар живот, но не било секогаш така – Мелиса имала многу трауматично, тешко детство.

Мелиса ја споделила својата морбидна исповед, признавајќи дека нејзиниот татко ја силувал кога имала 15 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)


Мелиса во јули 2021 година покрена судски процес против својот татко и почна да го презема старателството над својата помлада, тогаш 17-годишна сестра. Причината што се крие зад се е прилично шокантна – актерката како тинејџерка била жртва на сексуално злоставување од страна на својот татко, а сакала нејзината сестра да не ја доживее истата судбина.

– Изморена сум од животот во кој се преправам дека ништо не се случило. Едвај го преживеав детството. Мајка ми не ми веруваше. Таа ми рече: „Не оди во полиција, ќе го затворат татко ти, па ќе го ослободат, а тој ќе те убие – ја откри тажната вистина познатата убавица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)


Мајката на Мелиса навистина јавно призна дека не верувала во тврдењата на ќерка си.

– Ќерка ми пред две години ми кажа дека татко и ја злоставувал, но јас не верував бидејќи тоа не го видов. На крајот, едно утро го затекнав него покрај ќерка ми – рекла мајката на актерката.

Актерката доби огромна поддршка од турската јавност, па дури и беше покренат и хаштагот #MelisaDöngelYalnızDeğildir (Мелиса Донгел не е сама). Но, тоа не го промени минатото – оваа Турчинка со години одела на психотерапија за да успее да се справи со траумата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)


– Во куќата секогаш имаше насилство. Нѐ удираше и нѐ шамараше за секоја ситница. Ми ја скрши раката само затоа што отидов во парк со другарка ми – рекла Мелиса и додала дека злоставувањето почнало уште во средно училиште, но не можела порано да реагира и да каже што се случува од страв:

– Не можев да раскажам, бидејќи татко ми постојано ми се закануваше дека ќе дојде крајот на мојата актерска кариера и дека нема да ми дозволи да одам на училиште. Се обидов дури и да се убијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Потоа се покајав и се запрашав: „Зошто си го правам тоа себеси?“ Но, не можев да си помогнам самата на себе – раскажала Мелиса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот