Моравјецки смета дека платениците на „Вагнер“ може да се уште поопасни под конторла на Путин

Матеуш Моравјецки
Матеуш Моравјецки / Фото: EPA-EFE/Tomasz Waszczuk

Групата „Вагнер“ ќе стане уште поголема закана под контрола на Владимир Путин, смета полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува Скај Њуз.

-Групата Вагнер сега ќе потпадне под команда на Путин, секој сам нека си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала?, запраша полскиот премиер.

„За мене тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција.

Приватната воена група до вчера беше под комплетна контрола на Евгениј Пригожин, за кој се смета дека загина во авионска несреќа.

Платениците на „Вагнер“ во јуни и јули беа преместени во Белорусија, по бунтот предводен од Пригожин, при што нивното присуство во Белорусија се сметаше за потенцијална закана за соседна Полска, појсанува Скај Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот