Моралес од Мексико: Борбата продолжува

Фото: EPA-EFE/STR

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес и вети на Боливија дека ќе остане во политиката, додавајќи дека „борбата продолжува”.

Тој веќе пристигна во Мексико, каде доби азил откако поднесе оставка под притисок на протестите иницирани од спорните избори.

Моралес, кој воедно е и прв претседател избран од редовите на автохтониот народ на Боливија, во Мексико отпатува со авион на мексиканската Влада од боливискиот град Чиморе. Тој на Твитер објави дека го боли заминувањето од земјата од политички причини, но дека ќе се врати посилен и поенергичен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот