МОНСТРУОЗНО: Татко три години по ред ја силувал својата ќерка

Фото: Profimedia

Татко сексуално ја злоупотребувал својата ќерка со години, и не само тоа, тој употребувал и сила за таа да не каже. За ужасот што го доживувала три години во нејзиното семејство девојката зборуваше во емисијата „Фикс Фаре“ на албанската телевизија Топ Чанел.

Таа сега има 18 години, но имала само 15 години кога била првпат злоупотребена. 18-годишната девојка преку социјални мрежи стапила во контакт со емисијата, а на состанокот со новинарката таа ѝ кажала дека била злоставувана.

Сè започнало во Германија, каде што таа и нејзиното семејство отишле како азиланти. Имала само 15 години и таму се запознала со едно момче. Врската била откриена од нејзиното семејство и еден ден нејзиниот татко ја поканил да одат двајцата заедно на прошетка.

– Ме однесе во близина на едно езеро, каде што ми кажа дека ќе ги направиме истите работи што сум ги правела со тоа момче. „Ако ми се спротивставуваш и кажуваш што ќе се случи тука, ќе те удавам во езерото, ми рече“ – раскажува 18-годишната девојка.

Ова било само почетокот, бидејќи таткото монструм не престанал, дури и по враќањето во Албанија продолжил физички и сексуално да ја злоставува својата ќерка. Со текот на времето, ситуацијата станувала уште полоша за 18-годишната девојка, па така таа се обидела да најде ситуации за да избега од сексуалното насилство на нејзиниот татко.

Пред шест месеци таа контактирала адвокат преку Фејсбук и побарала помош за да го пријави таткото во полиција, но како што вели девојката, штом го пријавила, таткото бил информиран од страна на некој негов другар полицаец.

– Ме повикаа во полиција и мене и ми правеа притисок кажувајќи ми дека ако не го повлечам обвинението, можеби дури и злоставувањето нема да се докаже и во тој случај јас би завршила во затвор – вели 18-годишната девојка која била принудена да го повлече обвинението.

Пред четири месеци девојката ја свршиле со стројници. Свршеникот, вели таа, ѝ подарил телефон со кој таа почнала да го снима сексуалното злоставување на таткото кон неа.

– Тоа беше единствениот начин да докажам, затоа што и кажав и на мајка ми, но таа не ми веруваше”, вели силуваната девојка.

По објавувањето на овој случај во Топ Чанел, албанската полиција веднаш го уапси таткото на девојката.
За време на емисијата не беа објавени ниту местото каде што се случувал настанот, ниту пак иницијалите на лицата, но биле опфатени при известувањето на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот