МОН ги исплати студентските стипендии заклучно со месец март

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерството за образование и наука изврши исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со месец март.

Како што информира МОН, во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење на зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата се надоместува разликата помеѓу стариот и новиот зголемен износ на стипендијата што ја користат, за 5 месеци.

„Информираме и дека етапно се реализира исплатата на средства за субвенционирање на патните трошоци за сите студенти кои студираат надвор од местото на живеење и го оствариле правото за користење на оваа антикризна мерка која предвидува месечен надомест до 1200 денари за период од 7 месеци“, велат од МОН и додаваат дека министерството се грижи за студентите и го унапредува студентскиот стандард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот