„Моето бебе немаше да преживее“: Криси Тајген сподели дека морала да абортира за да го спаси својот живот

Фото: Инстаграм/EPA

Пред две години, Криси Тајген и Џон Леџенд го очекуваа своето трето дете, момче кое имаа желба да го именуваат Џек. За жал, тогаш двојката сподели дека манекенката доживеала спонтан абортус поради компликации во бременоста.

Моментално, Тајген е повторно бремена и реши да сподели нови детали за таа семејна трагедија. Имено, таа откри дека не доживеала спонтан абортус, туку дека морала да абортира бидејќи бебето немало шанси да преживее.

„Пред две години, кога бев бремена со Џек, морав да донесам многу тешки и срцепарателни одлуки. Ни стана јасно дека тој нема да преживее и дека без никаква медицинска интервенција, нема да преживеам ни јас. Да ја наречеме процедурата тоа што беше – абортус. Абортус кој ми го спаси животот за бебе кое немаше никакви шанси да преживее.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

И, да бидам искрена, всушност не го сфатив ова до пред неколку месеци. Му кажав на светот дека имав спонтан абортус, светот се согласи со тоа, сите наслови во медиумите велеа дека е спонтан абортус. И бев многу фрустрирана што уште на почетокот не кажав што е. Се чувствував глупаво што ми требаше повеќе од една година да сфатам дека всушност имав абортус“, објасни 36-годишната ѕвезда на самитот „A Day of Unreasonable Conversation“.

Тајген и Леџенд ја започнаа својата љубовна врска во 2006 година, а стапија во брак во 2013 година. Познатата двојка има две деца – шестгодишната Луна и четиригодишната Мајлс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

ФОТО: Криси Тајген со емотивна објава една година откако го загуби синот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот