МНР: Општините и советниците доследно да го применуваат уставното име на државата

Македонско знаме Македонија неработни денови во 2023
EPA/GEORGI LICOVSKI

Во врска со последните случувања на конститутивните седници на советите на општина Штип и општина Аеродром, Министерството за надворешни работи изразува загриженост од, како што наведува во соопштение, постапките на дел од советниците избрани на последните локални избори во врска со потпишувањето на свечената изјава согласно Законот за локалната самоуправа, и повикува на доследна примена на уставните и законските одредби за името на државата.

– Со Законот за ратификација на Конечната спогодба, Одлуката за прогласување на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и ХХХVI на Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија од јануари 2019 година, уставното име на државата е Република Северна Македонија и дека сите државни институции и единици на локалната самоуправа се должни да го почитуваат Уставот на Република Северна Македонија и да ги усогласат сите акти кои ги донесуваат со Уставот. Имено, секаде каде што името Република Македонија е наведено во законите и подзаконските акти на државните органи и единиците на локалната самоуправа, вклучително и во свечената изјава, од денот на влегување во сила на горенаведените акти се користи уставното име Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на МНР.

Министерството за надворешни работи, се додава, следејќи ги ваквите појави по завршувањето на локалните избори и при конституирањето на определени совети во општините, повикува на доследна примена на уставните одредби во согласност со Преспанскиот договор, имајќи предвид дека непочитувањето на Уставот и на ратификуваните меѓународни договори сериозно го нарушува меѓународниот углед на државата и го поткопува правниот поредок на Република Северна Македонија.

Истовремено, од МНР упатуваат апел до надлежните институции и особено до Министерството за локална самоуправа, соодветно да реагираат согласно нивните надлежности, бидејќи согласно член 3 од Законот за ратификација на Конечната спогодба „…сите други органи на државната управа во чиј делокруг спаѓаат прашањата опфатени со спогодбата се определуваат како надлежни органи што ќе се грижат за извршување на спогодбата…”

– Воедно, упатуваме апел и до сите советници во општините доследно да го почитуваат Уставот на Република Северна Македонија, како што е наведено и во самата свечена изјава, стои во соопштението од МНР.

Извор: МИА

Левица: И во Аеродром го вративме името „Република Македонија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот