МЛАДИТЕ СИ ЗАМИНУВААТ: Србија месечно ја напуштаат над 4.000 лица

Податоците од Европскиот завод за статистика покажуваат дека Србија секој месец ја напуштаат повеќе од 4.000 лица, а 51.000 годишно, главно млади лица.

Според студијата на фондацијата Фридрих Еберт, младите како причина за напуштање на земјата ги наведуваат економските проблеми, а од неодамна и „песимистичкиот поглед на иднината на српското општество” .

Во Србија, за разлика од останатите држави во регионот, не постојат конкретни превентивни мерки, освен желбата да се формира тим на експерти, кој треба да изготви стратегија и акционен план за спречување на заминувањето на луѓето од земјата, но и за привлекување на оние кои заминале, објави белградска ТВ Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот