Младинските државно и Плеј оф првенства ги определија натпреварувачите за настап на ЕП во карате

фото: kfm.com.mk

Во салата „Антон Димитров“ во општината Бутел изминатите два викенди се одржаа двете првенства во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21, кои ги определија репрезентативците кои ќе настапат на следното Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што ќе се одржи од 9 до 11 февруари 2024 година во Тбилиси, Грузија.

Пред почетокот на овие два првенства, градоначалникот на општината Бутел, Дарко Костовски кој даде голема поддршка за реализација на овој настан го отвори првенството, на сите учесници им посака успех а на најдобрите натпреварувачи достојно да ги одбранат боите на Македонија.

На Државното првенство кое се одржа на 4 ноември година настапија над 250 натпреварувачи, на кое се определија и репрезентативци кои се стекнаа со право и најголем дел од нив и ќе настапат на Балканското првнство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое ќе се одржи од 17 до 19 ноември 2023 во Љубљана, Словенија.

Понатаму следеше Плеј оф првенството кое се одржа на 11 ноември од кое произлегоа победници во секоја категорија кои се стекнуваат со право да настапат на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што ќе се одржи на споменатото ЕП во Грузија.

Ранг листата изготвено од Натпреварувачката комисија од овие две првенства може да се погледне на следниот линк

Резултатите од Државното првенство за кадети јуниори и помлади сениори може да ги погледнете на следниот линк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот