Млада италијанска одбојкарка пронајдена мртва пред хотел во Истанбул

фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во текот на изминатата ноќ животот го загуби младита 18-годишна италијанска одбојкарка Јулија Итума во Истанбул каде нејзиниот тим Новара играше против турскиот Ејзаџибаши во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Одбојкарката паднала од прозорецот на хотелската соба, а причините кои довеле до трагичниот настан и натаму не се познати за истражните органи во Турција.

Турските медиуми пишуваат дека одбојкарката си го одзела животот „скокнувајќи од шестиот кат на хотелот“, а потоа додаваат дека истрагата е во тек, а ќе се прегледаат и камерите кои треба да обезбедат повеќе информации за смртта.

Нејзината цимерка во таа соба тврди дека спиела и не слушнала ништо, а за страшната вест ја известила полицијата која ја разбудила.

Телото на несреќната Јулија било пронајдено утрото во 5 часот и 30 минути пред хотелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот