Митева од ВМРО-ДПМНЕ: Веруваме во победа и покрај сите притисоци

Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: Принтскрин, ВМРО-ДПМНЕ

Веруваме во победа и покрај сите притисоци и злоупотреби. Зголемената излезност на гласачите е најдобар одговор на црната кампања на СДСМ, порача на прес-конференција кратко по затворањето на гласачките кутии портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

– Власта која паѓа го покажа своето недемократско лице со брутална и масовна злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. СДСМ е подготвен да ја сочува власта по секоја цена и сведочевме на поткуп, кршење на изборниот молк во Кочани, Радовиш, Ново Село, Македонска Каменица, Ѓорче Петров. Вчера беше нападната новинарска екипа, денеска новинарска екипа беше спречена да известува, во Бојане беше нападнат набљудувач од невладина организација и други дејства спротивни на Изборниот закон. Сите мерки што ни се на располагање ќе ги превземеме во врска со овие нерегуларности.
Веруваме дека граѓаните сакаат промени. Граѓаните се одлучни. Зад параванот стравот се претвори во храброст на граѓаните да одберат промени, да донесат одлука за проекти и за победи. За подобра и поубава иднина која ќе биде подеднаква за сите. Зоран Заев ќе ги слушне приоритетите на граѓаните од гласачките места. Во овој момент се уште е рано да објавуваме било какви резултати, но со сигурност резултатите ќе бидат поволни за сите нас. Народот ќе победи, народот ќе ја победи оваа ненародна власт секаде и новата иднина доаѓа – рече Митева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот