Митев: Да се бранат боите на Македонија е исклучителна гордост и сон на секој спортист

Марко Митев/ фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија во Маврово ја одработува првата фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство кое ќе се игра во јануари идната година.

Селекторот Кирил Лазаров, се одлучи репрезентацијата на ЕП да биде спој на младост и искуство, и на поширокиот список се наоѓа еден од најмладите 18-годишниот ракометар на Бутел, Марко Митев.

– Огромна чест и гордост е да се биде дел од најдоброто од ракометна Македонија. Сметам дека тоа го посакува и кон тоа се стреми секој кој решил да му се посвети на ракометот. Да се биде дел од националниот тим и да се бранат боите на Македонија е исклучителна гордост и сон на секој спортист. Тоа што сум сега овде на 18 години ме прави да бидам не само горд Македонец туку  претставува и мотив плус за уште повеќе да работам на себе, да учам од поискусните и секако да дадам се од себе да одговорам на задачите најдобро што можам. На овие подготовки ја имам токму таа можност. Ние овде сме како едно семејство. Напорно работиме и сите имаме иста цел- успех на нашата ракометна репрезентација. Условите за работа во Маврово се фантастични за што е заслужна нашата федерација.

Ако се најдам на финалниот список на патници за ЕП за мене тоа ќе биде почеток на остварување на мојот животен сон- да го облечам националниот дрес и да ги бранам боите на Македонија на едно вакво првенство. Знам дека тоа воедно е и огромна одговорност, бидејќи да играш за Македонија значи да бидеш подготвен да ги претставиш својата земја и својот народ во најдобро светло, да се бориш за победа на тимот и да оставиш срце на терен – вели Митев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот