Мит или вистина: Мажите слабеат побрзо од жените?

unsplash

Една особено „болна“ точка за која ќе се сложат повеќето жени е фактот дека повеќето мажи немаат „опсесија“ со својата тежина како жените. Уште полошо, ако мажот одлучи дека треба да изгуби неколку килограми, се чини како целата вишок тежина магично исчезнува.

Па, дали животот навистина е толку неправеден? Дали мажите навистина полесно слабеат само затоа што се мажи?

Па, одговорот е и да и не. Ен Олбајт, поранешен диетичар, кој сега е директор на „CD’S Division of Diabetes Translation“, за „Discover“ открива дека хормоналните разлики, а воедно и процесот поврзан со раѓање на деца, ги прават женските тела помалку склони да испуштаат вишок маснотии без борба.

unsplashМажите исто така имаат повеќе мускулести тела и поголема стапка на метаболизам, со што им е полесно да го исфрлат вишокот за пократко време.

Предноста за слабеење кај мажите навистина влијае само на најраните фази во диетата. Една студија спроведена во Велика Британија покажала дека група мажи изгубиле значително повеќе тежина и маснотии во текот на првите два месеци отколку група жени, но за шест месеци и двата пола биле повеќе или помалку еднакви кога станува збор за постигнување на нивната цел со диетите.

Добри вести за секоја жена која си мисли дека се соочува со вишок маснотии е тоа што кога жената е во совршена форма сепак има 6 до 11 проценти повеќе маснотии во телото отколку маж кој исто така е во врвна кондиција.

unsplash

Доколку жената има вишок маснотии во телото, таа исто така ќе може да ја „одработи“ далеку поефикасно отколку мажот. Женското тело има тенденција да складира повеќе од машките тела, но исто така се во можност побрзо да ги согорат преку вежбање.

Плус, додека маснотиите кај мажите имаат тенденција да „мигрираат“ директно кон стомакот, а кај жените се „спушта“ кон колковите и бутовите.

unsplash

Слабеењето може да биде тешко за двата пола, затоа бројките на вагата никогаш не треба да бидат вашиот главен фокус.

unsplash

Вложете напорна работа и направете добар избор на храна, вежбајте доволно и порано или подоцна ќе стигнете до вашата најдобра форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот