Мислеле дека е шега: Меркел се обидела телефонски да им се заблагодари на пожарникарите, тие и спуштиле слушалка

Ангела Меркел/ Фото Архива на Слободен печат

Германската канцеларка Ангела Меркел се обидела телефонски да им се заблагодари на пожарникарите за нивниот придонес за време на кризата со пандемијата на коронавирусот, но командантот на противпожарната служба и спуштил слушалка, мислејќи дека се работи за шега.

Меркел се јавила во противпожарната единица во Берхан, но шефот на таа единица, Андре Мусквик, мислел дека станува збор за шега на една локална радио станица, пренесува весникот „Нордкурир”.

Меѓутоа, подоцна повторно заѕвонел телефонот и се јавила прес службата на канцеларката, која појаснила дека претходно се јавила шефицата на германската Влада. Потоа Меркел повторно се јавила и се заблагодарила на трудот што го вложуваат во ваква тешка ситуација.

Таа преку медиумите дознала дека пожарникари во Берген, по негативно тестирање на коронавирус, одлучиле доброволно да се стават во карантин за да останат здрави за да можат да им служат на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот