Мишел во февруари ќе ги собере лидерите од Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел од Ерусалим најави дека во февруари ќе организира самит на лидерите од Западен Балкан. Оваа веста тој ја соопштил на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Очекувам Мишел наскоро да организира некаков собир, на кој ќе се соберат сите лидери од Западен Балкан, каде ќе продолжиме да разговараме, изјави Вучиќ за српските медиуми.

На вечерата во Ерусалим, организирана од изралескиот претседател, Мишел и Вучиќ разговарале за позициите на Србија и на Црна Гора, двете земји кои веќе имаат отпочнато преговори за членство во Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот