Мишел Платини: ВАР е едно прекрасно сра*е!

Своевремено еден од најдобрите фудбалери на светот, но и екс прв човек на УЕФА, Мишел Платини, беше гостин на италијанската национална телевизија („РАИ 2“).

Во текот на своето гостување говореше моментно за состојбата во светскиот фудбал, актуелните случувања и ВАР. Поточно го критикуваше применувањето на технологијата и судењето во текот на фудбалските натпревари.

– Би ми требало половина час да објаснам зошто тоа не ги решава проблемите, туку само ги поместува. Јас сум против ВАР, мислам дека е едно убаво „сра*е“ – вели Платини.

На Платини неодамна му истече суспензијата и забраната за водење на каква било функција во фудбалот, забрана која ја доби поради корупција.

Поради обвиненијата за корупција мораше да се откаже од кандидатурата за прв човек на ФИФА со цел да го замени Сеп Блатер.

– Во ФИФА не ме сакаа на местото претседател, бидејќи сакав да го бранам фудбалот и бев единствениот поранешен фудбалер кој можеше да биде претседател – додаде Платини, кој сепак не ја исклучува можноста повторно да му се врати на фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот