Мирна новогодишна ноќ во Куманово

Куманово/ фото: МИА

Новогодишната ноќ во Куманово помина мирно, соопштија денеска надлежните институции, општата болница и итна помош Куманово. Не се евидентирани никакви значителни интервенции. Итната помош имала само тековни интервенции.

За разлика од претходните години, првпат во Куманово сè уште не се родило првото бебе. Директорката на болницата, Снежана Захариева во изјавата за медиумите потврди дека својата рожба ја чекаат две родилки.

– Ќе посакам во оваа година, она што беше актуелно во 2020 полека, постепено да станува минато во нашите животи, иако сме свесни дека борбата уше ќе трае, изјави Захариева.

Таа рече дека привршуваат активностите околу поставената монтажна ковид болница, која има можност за хоспитализација на 36 пациенти, ќе има место за тријажа.

– Со оглед на тоа што имаме и други објекти, да се надеваме дека нема ни многу да се користи и да се пренамени со тек на време за нешто друго, изјави Захариева.

Во моментов од ковид во кумановските три центри се лекуваат 86 лица, вклучително и оние кои примаат терапија во дневна болница.

– Бројката воопшто не е мала, споредено со другите градови од државата, свесни сме дека прво сме голем град, специфично место за живеење, голема фреквенција на луѓе, голем број работат во Скопје, блиску се граничните премини. Кај нас постепено ќе оди тоа опаѓање, помалку се хоспитализирани, но сепак место за опуштање нема. Ќе видиме после празниците кога има поголема фреквенција на луѓе и да се надеваме дека во наредните две недели нема да има нагло пораст на бројот на заболени од Ковид-19, вели Захариева.

Таа додава дека има слободни 25 места за прием на заболени од Ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот